Иванов: Македонија и Грција како два соседа мора да соработуваат
Македонија и Грција мораат да соработуваат за бегалската криза, ова е ставот на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов.
Сите активности кои ги презема Република Македонија во справување со бегалската криза се во согласност со мерките договорени од страна на сите земји на балканскиот коридор и ништо досега преземено не е еднострано или самоиницијативно, изјави Иванов во интервјуто за грчката телевизија „Стар“.
„Грција знаеше дека кога Австрија ќе ја исполни квотата, таа ќе започне со целосно затворање на коридорот. Тоа се случи и тоа го знаеја сите во Грција. Затоа, ние инсистиравме кога ќе дојде тој момент, да почне да се празни територијата на Грција. Да се најде начин, дали преку воздушни коридори, сите што останале во Грција да бидат пренесени до земјите на дестинација каде изјавиле потреба да одат, претежно во Германија“-изјави Иванов.
На прашањето дали Македонија ќе ја продолжи оградата на јужната граница, Иванов изјави дека оградата е подигната со цел заштита од илегална миграција и дека благодарејќи на нејзиното поставување земјата обезбеди 99% регистрација на илегалните мигранти.
Секоја вечер по 20 луѓе ја оштетуваат оградата и сакаат илегално да преминат во земјава.
„Ние пропуштивме долг период поради неодговорноста на луѓе од вашата држава кон безбедносниот проблем, да превенираме многу такви случаи. И затоа ова е интервентно. За пофалба е реакцијата на вашиот Премиер, но зар требало да дојде Претседател на држава за да со вашиот Премиер решава проблеми во надлежност на полициите“-вели Иванов.
Иванов изјави дека грчката страна одби размена на безбедносни информации за бегалската криза и ја прекина праксата на средби на групите за градење на мерките на доверба.
Слично
