Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Македонија ги има сите ризици, успешно се справуваме со нив

Иванов: Македонија ги има сите ризици, успешно се справуваме со нив
Само во Македонија имаме 72 повратници од странски боишта, лица кои отишле како екстремисти, а се вратиле како терористи, изјави денеска претседателот Ѓорге Иванов, кој беше во редовна годишна посета на Агенцијата за разузнавање. Тој апелира граѓаните да бидат спокојни, затоа што институциите се справуваат со предизвици. „Македонија ги има сите ризици, што ги имаат сите земји од нашето окружување и во Европа. Постојат заканите, но ние успешно се справуваме со нив и превентивно и проактивно делуваме. Граѓаните треба да бидат спокојни затоа што сите ризици што постоеја досега, нашите институции, во соработка со нивните партнерски служби ги спречуваа“- изјави Иванов. Во врска со терористичкиот напад денеска во Брисел, Иванов рече дека службите мора да соработуваат и на безбедносен план да се разменуваат информациите. „Да не робуваме на бирократски процедури, не сме биле во ЕУ, не сме имале право на пристап до базите. Ние тоа го нудиме за безбедноста на континентот и на другите земји во ЕУ, кои и во иднина ќе се соочуваат со терористички напади и закани. Но, не само во Еворпа, ова е планетарен феномен“-кажа тој. Тимот задолжен за справување со мигрантската криза од Агенцијата за разузнавање,  на денешната средба го информирал претседателот за сите сознанија и искуства при справувањето со мигрантската криза.
Слично

Поврзани вести