Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов-Лукшиќ задоволни од договорот за заедничка амбасада во Париз

Иванов-Лукшиќ задоволни од договорот за заедничка амбасада во Париз

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и евроинтеграции на Црна Гора Игор Лукшиќ кој денеска престојува во еднодневна официјална посета на Македонија и се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попски, средба оствари и со претседателот Ѓорѓе Иванов.

На средбата, соговорниците изразија задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу Република Македонија и Црна Гора и беа реафирмирани заедничките стратешки цели, мир и стабилност во регионот и членство во европските и евроатлантските структури.

Претседателот Иванов ја поздрави одличната политичка соработка и континуираните средби на сите нивоа и истовремено потенцираше дека економската соработка, инвестициите и инфраструктурното поврзување меѓу двете земји, како и регионалната соработка и соработката во евроатлантските интеграции, треба да бидат врвни приоритети во натамошните односи меѓу двете земји. На средбата беше изразено заемно задоволство од потпишувањето на Протокол за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва.
Слично

Поврзани вести