Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Ќе продолжам да работам за доброто на Македонија

Иванов: Ќе продолжам да работам за доброто на Македонија
Актуелниот претседател Ѓорге Иванов со митинг во Охрид ја започна предизборната кампања за претстојните претседателски избори, на кои ќе бара нов мандат од граѓаните. И по пет години, пак во понеделник и од истото место, истото ви го велам, дека ќе продолжам со иста посветеност да работам за доброто за Македонија, вети Иванов пред охриѓани. „Пред пет години ја добив вашата доверба. Остварив и повеќе отколку што ветив во програмата. Бев гласот на граѓаните, остварив преку 450 средби со претседатели, премиери, министри и над 100 формални и неформални посети и учества на форуми. Мандатот го посветив на отворање нови хоризонти за Македонија. Во сè што правев не бев сам, затоа сакам да и оддадам признание на владата за вложените напори“, рече Иванов. Тој истакна дека во својот мандат многу енергија и време посветил на решавање на наметнатиот спор околу името со соседна Грција. „Цели 23 години од нас се бара да се откажеме од сопствениот идентитет. Човек може да се откаже од тоа што му е дадено и стекнато, но не и од идентитетот, кој го имаме. И покрај сите притисоци, издржавме и ќе издржиме“, рече Иванов, нагласувајќи дека тој нема да прифати промена на Уставот со цел да се промени уставното име на државата.
Слично

Поврзани вести