Иванов ќе го свика Советот за безбедност по инцидентите кај Моин
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по враќањето од Египет, вечерва ќе го свика Советот за безбедност во проширен состав.
Оваа седница се свикува по инцидентите од вчера кај гевгелиското село Моин, кога мигрантите од Грција илегално преку река влегоа во Македонија. Надлежните ќе го информираат Иванов за состојбата кај Гевгелија, заканите и ризиците од илегалната миграција.
Слично
