Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Катастрофалните поплави се отрезнувачка опомена

Иванов: Катастрофалните поплави се отрезнувачка опомена

Во текот на денешното обраќање на претседателот Иванов по повод 18 Август-Денот на АРМ, шефот на државата се осврна и на поплавите кои го зафатија скопскиот регион на почетокот на месецот.

Иванов ги искара институции надлежни за управување со кризи и рече дека не може целиот товар за поплавите да падне врз Армијата.

Претседаетлот ги повика надлежните институции од системот за управување со кризи и од системот за заштита и спасување да постапуваат во согласност со своите законски надлежности.

„Се создаде навика при речиси секоја елементарна непогода прво да се ангажира Армијата. Тоа е, секако, израз на доверба дека Армијата успешно ќе ја изврши дадената задача. Како врховен командант можам со гордост да кажам дека Армијата секогаш ја оправдала оваа доверба. Но, што зборува оваа практика за подготвеноста на другите надлежни институции? “- изјави Иванов.

Тој исто така нотираше дека е неопходна зголемена институционална соработка меѓу институциите на централно и локално ниво и дека не смее да се чека катастрофата да се случи за да се дејствува реактивно.

„Катастрофалните поплави се отрезнувачка опомена. Опомена дека не е доволно само да ги санираме катастрофалните последици. Неопходно е да изградиме култура на отпорност кон ризиците од катастрофи“, потенцираше Иванов.

Слично

Поврзани вести