Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Како што Путин, Меркел и Обама зборат на нивен јазик, така и јас го чувам мојот!

Иванов: Како што Путин, Меркел и Обама зборат на нивен јазик, така и јас го чувам мојот!

Давајќи одговор на прашањето зошто не говори на англиски јазик, претседателот Иванов вели дека се додека е на чело на земјава и претседател се дотогаш ќе зборува на македонски јазик.

„Јас знам англиски, и моите предавања некогаш ги држам на тој јазик, но во ЕУ секој си го зборува неговиот јазик. Како што Путин зборува руски, Ципрас грчки, Обама англиски, Меркел германски така и јас ќе си говорам на мојот јазик на сите конференции и состаноци во ЕУ. На тој начин го чувам и негувам нашиот јазик“ изјави на денешниот брифинг пред новинарите Иванов.

Според него само на овој начин ќе го докажеме нашиот идентитет кога други ќе ни го оспоруваат.

Слично

Поврзани вести