Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов кај Пахор се жали за името: Сите наши иницијативи се отфрлаат, а ние сакаме решение

Иванов кај Пахор се жали за името: Сите наши иницијативи се отфрлаат, а ние сакаме решение

И за кавга и соработка се потребни двајца, потребно е многу храброст од водачите на двете страни за да се одлучат за соработка, истакна словенечкиот претседател Борут Пахор по средбата со македонскиот домаќин, претседателот Ѓорѓе Иванов.

Тој посочи дека земјава треба да покаже конкретна иницијатива за спорот со името која нема да ги остави рамнодушни европските и меѓународни фактори. Според Пахор, ова е најважно за да се решаваат паралелно членството во ЕУ и спорот со Грција. Пахор исто така го советувал Иванов и му ги повторил позитивните искуства на Словенија,  која во однос на Хрватска покажа дека може европски да се однесува.

Иванов пак се пожали дека постојано се соочуваме со ситуација на немање соговорник.

„Сите наши иницијативи се отфрлаат, не се прифаќаат, а ние сакаме решение,“ рече Иванов

Освен за името, двајцата претседатели разговарале за интензивирање на соработката во пред се во трговската размена и заедничките инвестиции.

„Оваа посета е потврда за одличните односи, пријателството и довербата меѓу Македонија и Словенија“, истакна рече Иванов по средбата.

Пахор нагласи дека Словенија и понатаму ќе ги поддржува напорите на Македонија за евроинтегрирање.Претседателот на Република Словениј од денеска престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Слично

Поврзани вести