Иванов ја поништи аболицијата за 22 политичари, кои се на листата?
Претседателот Ѓорге Иванов, во петок, ги поништи аболициите на политички активните лица, односно за вкупно 22 лица, јави Макфакс.
Според него, за разлика од 12 април, денеска имаме нова реалност во Македонија.
„Во услови на надворешни закани и безбедносни ризици, имаме функционални институции, кои можат да се справат со предизвиците од мигрантската криза, особено во пресрет на најавите за новиот бран на бегалци и мигранти“, додава Иванов.
„Денес донесов одлука да поништам дел од одлуките, и без помилуваните лица да го побараат тоа од мене. Во согласност со Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца. Сите други лица, согласно законските измени имаат можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување.
Не сакам веќе никој да има сомнеж. Ниту еден политичар не е над законот.
Ниту еден политичар не е недопирлив. Напротив, секој ќе одговара за своите постапки.
Сакам да потенцирам дека искрено верував и сѐ уште верувам дека одлуката за помилување беше најдобрата можност за излез од политичката криза“, рече Иванов, пренесе Макфакс.
Еве ја листата на сите претходно аболирани.
Ирена Мишева – претседателка на Советот на Град Скопје (политичар)
Миле Јанакиески – поранешен министер за транспорт и врски(политичар)
Живко Пејковски – директор на затворот „Идризово“(политичар)
Гордана Јанкулоска – поранешен министер за внатрешни работи(политичар)
Љупчо Димовски – поранешен министер за земјоделство(политичар)
Мартин Протоѓер – шеф на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски(политичар)
Љупчо Тодоровски-Радникот – поранешен директор на Бирото за јавна безбедност
Мендух Тачи – претседател на ДПА(политичар)
Бедредин Ибраими – член на ДИК од ДПА(политичар)
Кирил Божиновски – поранешен генерален секретар на Влада(политичар)
Сашо Мијалков – поранешен директор на УБК(политичар)
Никола Груевски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер(политичар)
Трајко Трпевски – генерален директор на градежната компанија „Бетон“
Мирослав Јовановиќ – главен директор за техника и ИТ на Македонски Телеком
Горан Грујовски – поранешен началник на Петата управа при УБК
Тони Трајковски – градоначалник на Гази баба(политичар)
Жарко Луковски – главен извршен директор на „Телеком“
Зоран Заев – претседател на СДСМ(политичар)
Трајко Вељаноски – претседател на Собранието на Република Македонија(политичар)
Зоран Верушевски – поранешен директор на УБК(политичар)
Ивица Анчевски-Пуки – поранешен раководител на полициската единица „Алфи“
Горанчо Тодев
Метуш Шабани
Новица Станковски
Коце Трајановски – градоначалник на Град Скопје(политичар)
Владимир Тодоровиќ – поранешен градоначалник на општина Центар(политичар)
Ристо Новачевски – формално директор на „Сирах инженеринг“, кум на Груевски од првиот брак
Тодор Мирчевски – директор на офшор-фирмата „Ексико“
Киро Тодоровски
Надица Велевска – вработена во МВР
Мунир Пепиќ – полициски службеник
Едмонд Темелко – градоначалник на Пустец, Република Албанија(политичар)
Коста Митровски –
Тони Јакимовски – национален координатор за борба против тероризмот и поранешен директор на „Идризово“
Никола Бошкоски
Валентина Симоновска – архиварка во МВР
Владимир Талески – градоначалник на Битола(политичар)
Ѓорѓи Лазаревски – поранешен вработен во УБК
Соња Верушевска – сопруга на Зоран Верушевски, вработена во Комерцијална банка
Бранко Палифров – вработен во Општина Струмица(политичар)
Анета Станчевска – шеф на одделот за внатрешна контрола во МВР
Исмет Гури – поранешен член на општинска изборна комисија на Чаир(политичар)
Дејан Митровски-Урко – поранешен шеф на обезбедувањето на Никола Груевски
Бранко Црвенковски – поранешен претседател на СДСМ и поранешен претседател на Македонија(политичар)
Коста Крпач – директор на скопската компанија „Финзи“, која сега е сопственик на веб-порталот „Нетпрес“
Владислав Стајковиќ – прв управител на фирмата „Финзи“ и директор на „Мобико ДООЕЛ Скопје“, фирма која е овластен сервисер за мобилни телефони на „Т-мобиле Македонија“
Христијан Панев – директор на НВСП, сопственик на „Радио Слободна Македонија“
Божидар Јанковски – директор на „Дајнерс Македонија“
Светлана Костова – судијка на Вишиот управен суд
Хаим Хакини – државјанин на Израел
Лиле Стефанова – обвинителка во СЈО
Фатиме Фетаи – обвинителка во СЈО
Гаврил Бубевски – обвинител во СЈО
Звонко Костовски – вработен во МВР
Слично
