Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов ја поништи аболицијата само за 22 лица

Иванов ја поништи аболицијата само за 22 лица
Денес донесов одлука да поништам дел од одлуките, и без помилуваните лица да го побараат тоа од мене, соопшти пред малку претседателот Иванов на прес конференција. „Во согласност со Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца. Сите други лица, согласно законските измени имаат можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување. Не сакам веќе никој да има сомнеж. Ниту еден политичар не е над законот. Ниту еден политичар не е недопирлив. Напротив, секој ќе одговара за своите постапки. Сакам да потенцирам дека искрено верував и сѐ уште верувам дека одлуката за помилување беше најдобрата можност за излез од политичката криза. Убеден сум дека без враќање на меѓусебната доверба и без помирување во која било форма, оваа криза ќе трае уште долго, што не е од интерес ниту за граѓаните, ниту за државата“, рече Иванов. Тој не открива за кои лица е повлечена аболицијата, но порачува дека секогаш е подготвен да помогне за надминување на кризата. Наскоро повеќе детали
Слично

Поврзани вести