Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов ја доби наградата „Иса бег Исаковиќ“

Иванов ја доби наградата „Иса бег Исаковиќ“

Претседателот Ѓорге Иванов, во Сараево ја прими престижната меѓународна награда „Иса бег Исаковиќ“.

Претседавачот со Комитетот за доделување на меѓународната награда академик Вјекослав Герц истакна дека наградата на претседателот Иванов му е доделена како признание за извонреден државник, човек кој е европеец, космополит и кој има исклучителна духовна ширина.

Пред присутните гости, меѓу кои и голем број амбасадори, Иванов, рече дека современи продолжувачи на делото на Иса бег Исаковиќ се поединците и организациите кои се вклучени во изградбата на Балканот како дел од отворениот европски простор.

„На нашиот регион му се потребни повеќе одговорни лидери кои ќе ги надминуваат тесните етнички, религиски и идеолошки рамки и ќе го градат и реформираат нашиот регион со дијалог, помирување и доверба“ - рече Иванов.

Според него,  како регион имаме сѐ што ни е потребно – ресурси, традиција, креативни луѓе, но она што ни треба е одговорно лидерство.

Меѓу номинираните за ова високо признание беа и шефицата за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, и поранешниот турски премиер, Ахмет Давутоглу.

Слично

Поврзани вести