Иванов и Плевнелиев разговараа за Договорот за пријателство и добрососедство
Претседателите на Македонија, Ѓорге Иванов и на Бугарија, Росен Плевнелиев денеска во Софија изразиле задоволство од напредокот во преговорите за Договорот за пријателство и добрососедство меѓу двете земји.
Тие очекуваат дека министрите за надворешни работи ќе успеат наскоро да го усогласат текстот на Договорот. Шефовите на двете земји, разговарале и за актуелните состојби во регионот, за мигрантската и бегалска криза.
Македонија води добрососедска политика, но добрососедските односи мора да се базираат на рамноправност, меѓусебно почитување и разбирање, смета Иванов.
Тој за членство на земјава во ЕУ и НАТО, очекува Бугарија да даде поконкретна поддршка за неодложен почеток на пристапните преговори.
Иванов утре ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов, по што ќе учествува на Самитот на ПСЈИЕ, што се одржува во рамки на бугарското претседателство со оваа регионална иницијатива.
