Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов и Нишани со иста цел: Да обезбедат европска иднина

Иванов и Нишани со иста цел: Да обезбедат европска иднина

Претседателот Иванов денес и утре престојува во официјална посета на соседна Албанија.

Во текот на денешната средба со албанскиот претседател  Бујар Нишани заклучиле дека имаат иста цел -  на граѓаните да им обезбедат европска иднина и подобар стандард со поинтензивна економска соработка, негување на добрососедските односи и заемна доверба.

„Очекувам да се интензивира соработката на сите нивоа, да се подобруваат состојбите во сите сфери на заеднички интерес затоа што живееме во време кое носи многу предизвици и од безбедносен и од геополитички карактер, кога се отвораат многу прашања кои бараат заеднички одговор и настапување. Како две соседни земји заедно да настапуваме и кон безбедносните ризици и кон перспективите и развој на економијата и инфраструктурата“, порача претседателот Иванов. Од својот албански колега Иванов побара поддршка за членството на Македонија во НАТО.

Според албанксиот претседателот Нишани, албанската заедница во Македонија и македонската во Албанија треба да бидат мост на разбирање и соработка меѓу двете држави. „Сите треба да придонесуваме за намалување на степенот на недоверба и предрасуди помеѓу двете населенија со цел да се избегнат меѓуетничките тензии кои често се палат од мали инциденти кои се од различен карактер", порача албанскиот претседател и додаде дека меѓуетничките односи во Македонија имаат посебна улога за мирот и стабилноста на западен Балкан.

Иванов утре ќе има работен појадок со поранешниот албански претседател Бамир Топи, по што ќе ја посети Општина Пустец каде ќе се сретне со градоначалникот г. Едмонд Темелко и со претставници на македонското национално малцинство.

Слично

Поврзани вести