Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов и Хајндл разговарале за предизвиците на политичката сцена

Иванов и Хајндл разговарале за предизвиците на политичката сцена

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска го прими амбасадорот Јоханес Хајндл, личен претставник на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, соопштија од претседателскиот кабинет.

Велат дека двајцата разговарале за актуелните случувања во државата и размениле мислења и информации за предизвиците на македонската полиитчка сцена. Зборуваа и на тема мигрантска и бегалска криза, како и влијанието на актуелната политичка состојба врз севкупните капацитети на државата во справување со ваквите кризи.

„Двајцата соговорници се согласија дека Република Македонија е неопходно да има функционални државни институции кои ќе можат професионално, навремено и ефикасно да одговорат во справувањето и превенцијата со заканите. Во таа насока, соговорниците истакнаа дека сите политички чинители треба да покажат одговорност, конструктивност и висока свест за интересите на граѓаните и на државата“ - се наведува во соопштението од кабинетот.

Претседателот Иванов на средбата истакна дека како и досега, така и во иднина ќе постапува единствено според Уставот и Законите на Република Македонија и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија, додаваат од кабинетот.

Слично

Поврзани вести