Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов го поддржа Ердоган – „Нашето срце е со неговото“?!

Иванов го поддржа Ердоган – „Нашето срце е со неговото“?!

Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, му дал поддршка на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за неговите ставови во однос на внатрешните работи и проблеми на Турција.

Како што пренесе „Анадолија“, Иванов, на средбата со шефовите на турската владина агенција во Охрид, за актуелната ситуација во Турција изјавил дека Македонија го поддржува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и нагласил дека „нашето срце е со Ердоган“.

Агенцијата во веста објавена пред два дена цитира и изјава на македонскиот претседател во која тој вели: „Господинот Ердоган да не се мачи и да се спротивстави. На сите им е познато дека во вакви настани се мешаат странски држави, кои си прават свои игри. Неговото срце е со нашето, нашето срце е со неговото“.

Поддршката на Иванов се толкува како определување на шефот на македонската држава во однос на антивладините протести во Турција, во кои владата на Ердоган се обвинува за недемократско владеење.

Слично

Поврзани вести