Иванов: Ги чуваме границите не само на Македонија, туку и на Европа
Македонската гранична служба и специјалните полициски единици ја одбранија и ја чуваат не само границата на земјата, но и на Европа. Ова го изјави претседателот Ѓорге Иванов во говорот по повод годишнината од решението за прогласување на кризна ситуација по јужната граница на Македонија поради миграциониот бран минатата година.
„Чувајќи ја границата, ние ја пазиме и портата на Европа. Благодарение на професионалноста, ја добивте довербата и почитта на сојузниците кои гледаат во лицето на Македонија се повеќе значаен партнер. Тие правилно сфатија дека како и помагаат на Македонија, помагаат и на себе“, истакна Иванов.
Според неговите зборови миграционата криза ја начека Европската унија (ЕУ) неподготвена. „Многу европски идеали, принципи, политики и механизми се урнаа под нејзиниот притисок. Под притисок на миграциониот бран отстапија Фронтекс и Шенген. Излезе дека кризата не може да се реши само со политички декларации и бирократски процедури, а треба да се управува со помош на безбедносните служби и армиски структури “, додаде македонскиот претседател.
Државниот шеф истакна дека Македонија е првата земја во Европа која без да е членка на ЕУ, беше загрозена од илегална миграција, која доаѓа од земја-членка - или од Грција.
„Долго време недостасуваше соработка од службите на нашиот јужен сосед. Иако добивме помош и поддршка од неколку европски држави, се уште чекаме да ја видиме конкретната помош од Европската унија, чија безбедност ја чуваме“, посочи Иванов.
Тој потсети дека во земјата преминаа 760 илјади бегалци и мигранти.
„Од затворањето на балканскиот правец до денес над 22 илјади мигранти не беа пуштени да влезат илегално и да поминат низ Република Македонија. Благодарение на деноноќниот ангажман беа разгледани над 80 кривични дела за шверц на мигранти. Со тоа беше нанесен удар врз организираниот криминал, кој заработува од трговијата со човечки судбини“, рече уште Ѓорге Иванов.
