Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Досега ваква непогода не се случила – животите не можат да се вратат

Иванов: Досега ваква непогода не се случила – животите не можат да се вратат

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов заедно со градоначалникот на Скопје,  Коце Трајановски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, претставници на АРМ и полицијата денеска ги посети најкритичните точки од поплавите. Иванов изрази сочувство и жалење за жртвите и за повредените. Тој објасни дека на терен се 400 припадници на АРМ и 300 полицајци кои помагаат на локалното население. „Досега ваква непогода не се случила. Штетите се огромни, но тие ќе се надоместат, а изгубените животи не може да се вратат. На најпогодените места каде моментно се наоѓаме, уништени се многу домови, како и инфраструктура“ - изјави Иванов.

Шефот на државата апелираше граѓаните да помогнат и на веќе отворените пунктови да донираат вода и храна. Кажа дека кризниот менаџмент е активиран, надлежните се на терен, а Владата заседава.

Слично

Поврзани вести