Иванов денес добива одврзани раце да помилува изборни криминали?!
Утринава во 9 ќе заседава уставниот суд. Очекувано, речиси извесно е дека ќе овозможи враќање на стариот закон со кој можат да се помилуваат изборни нерегуларности, како и останати дела.
Иако вчера неколку илјади граѓани се собраа да протестираат против одлуката на Уставниот суд да аболира или помилува изборни криминали, тоа сепак не допре до судот. За истакнување е дека голема бројка на луѓе вчера му даде и поддршка на судот.
Всушност вчерашниот ден на протести и контрапротести, барем краткорочно се покажа исплатлив за контрашите организирани од Стевчо Јакимовски од ГРОМ, кој пак имаше несебична поддршка на ВМРО ДПМНЕ. Се покажа така, бидејќи протестантите организирани од неколку невладини организации а поддржани од СДСМ го откажаа бдеењето пред Уставен, во опасност да дојдат во диретен судир со контрапротестантите.
Епилогот од ваквата разврска ќе го видиме денес претпладне кога судиите најверојатно ќе ја изгласаат одлуката да може да се помилиуваат изборни криминали. Инаку оваа иницијатива ја поднесе охридски адвокат, брзо откако Катица Јанева обвини неколку владини функционери за изборни измами.
Слично
