Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Да покажеме дека Македонија функционира демократски

Иванов: Да покажеме дека Македонија функционира демократски
Кандидатот за претседател на Република Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Ѓорге Иванов по остварувањето на своето право на глас, во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје, заедно со своето семејство, изјави дека очекува успешни избори на кои Македонија ќе покаже дека функционира со целиот свој кредибилитет и капацитет.

„Со сопругата Маја и со синот Иван го остваривме нашето право на глас. Очекувам дека и сите граѓани на Република Македонија ќе го направат тоа и ќе излезат на изборите и зад нас да оставиме едни успешни избори и да покажеме дека Македонија функционира демократски со целиот свој кредибилитет и капацитет“, изјави Иванов.

После изборите, потенцира, тој очекува да продолжи со остварување на стратешките цели и да работи на просперитетот на Република Македонија и нејзините граѓани.
Слично

Поврзани вести