Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов да ги повлече сите аболиции- бара СЈО

Иванов да ги повлече сите аболиции- бара СЈО

Од Специјалното јавно обвинителство очекуваат претседателот, Ѓорѓе Иванов  да ги поништи сите  аболиции и да одговори од каде му се податоците од тајните предистражни постапки.

„Веруваме дека претседателот ќе ги отповика и другите одлуки за аболиција. За поништените аболиции постапките продолжуваат во другите делови, ќе видиме како ќе се одвива по завршувањето на рокот“- кажа Ристоска.

Од СЈО велат дека и по селективната аболиција продолжуваат со работа. Обвинителката Ленче Ристовска рече дека од 56-те првично аболирани  имало осомничени лица, имало сведоци, но имало и луѓе за кои не била отворена никаква постапка. Засега откриваат дека застреланиот Крпач е единствениот сведок на листата на Иванов.

За смртта на Коста Крпач, Ристовска додава дека не сакаат да влијаат на истрагите и затоа не ги откриваат јавно сите детали.

Слично

Поврзани вести