Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Човечката историја покажува дека ништо не е во состојба да ја запре миграцијата на луѓе и идеи

Иванов: Човечката историја покажува дека ништо не е во состојба да ја запре миграцијата на луѓе и идеи

Човечката историја покажува дека ништо не е во состојба да ја запре миграцијата на луѓе и идеи. Ова, го изјавил претседателот на Ѓорге Иванов за време на самитот на темата „Нови визии за партнерство и соседството во Европа“.

„Живееме во време на гонети и прогонувани емигранти и бегалци, кои се веќе без корени и никаде нема да се чувствуваат како дома. Милиони луѓе водат живот во бегство поради воени конфликти. Бегајќи од хаосот на пропаднати држави, тие завршуваат во Европа, која е територија на мир, стабилност и симбол за добар и просперитетен живот. Ако размислуваме за нашиот континент и нашата планета, без концептите на државните граници, ќе видиме дека народите и луѓето се постојано во движење. Нема човек кој самиот тој или нивните родители да не дошле од некаде и човечката историја покажува дека ништо не е во состојба да ја запре миграцијата на луѓето и идеите“, изјавил Иванов.

Според неговите зборови, демократијата во Европа не значи само право да си еднаков, туку и правото да си различен. „Има нешто што е повисоко од нашите национални интереси а тоа се универзалните принципи на кои тие се изградени. Тие треба да не обединуваат, а не да не разделуваат. Овие принципи се поврзани со користење на послабите и оние кои имаат потреба од помош. По Втората светска војна светот беше солидарен кон Европа, сега е ред на Европа да биде солидарна со земјите од Блискиот Исток и Северна Африка“, додал уште Иванов.

Слично

Поврзани вести