Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов-Борисов:Иднината на сите држави од Западниот Балкан е во ЕУ

Иванов-Борисов:Иднината на сите држави од Западниот Балкан е во ЕУ
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на денешната средба со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов повторил дека Бугарија дава  поддршка на Македонија за членство во ЕУ и НАТО.
Двајцата се за брзо завршување на преговорите за Договорот за добрососедство и соработка. Се смета дека Договорот за доборососедство и соработка, ќе даде нов поттик во процесот на европската интеграција на Република Македонија.  Борисов додава дека иднината на сите држави од Западниот Балкан е во ЕУ.
„Ја потврдуваме подготвеноста и желбата за експертска помош за Македонија за одредени прашања поврзани со нашeто искуство за да се постигне суштински напредок на патот на земјата за членство во ЕУ и НАТО“-рече Борисов.
Борисов изразил загриженост за состојбата во Македонија и посочил дека исходот од ситуацијата може да дојде само со дијалог меѓу сите политички партии и суштествени реформи во интерес на сите граѓани и почитување на договореното.

Слично

Поврзани вести