Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Битола е најдобар пример дека Македонија е добар сосед

Иванов: Битола е најдобар пример дека Македонија е добар сосед
Не прифатив и нема да прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име, рече кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за претседател Ѓорге Иванов од централниот митинг во Битола. Сепак, тој нагласи дека во досегашниот мандат како шеф на државата, водел надворешна политика заснована врз принципи за отвореност и соработка. „Македонија е добар сосед, а Битола е најдобар пример за тоа. Моето барање до сите е разликите да не претставуваат пречка за соработка, затоа што вие граѓаните имате потреба од таа соработка“, рече Иванов пред битолчани. Тој нагласи дека ако добие уште еден мандат од граѓаните, приоритет ќе му биде економската дипломатија и привлекувањето странски инвестиции, но и подобрувањето на патната и енергетската инфраструктура на земјата. Притоа, Иванов го истакна отворањето на индустриската зона Жабени во близина на Битола, која веќе започнала да носи нови работни места.
Слично

Поврзани вести