ИВАНОВ: Бидете спокојни нема да помилувам педофили, терористи и силеџии на избори!
После последната одлука на Уставниот суд со која се дозволи помилување на одредени категории осуденици во рамки на Законот за помилување се изјасни и претседателот Ѓорге Иванов.
Тој им порача на граѓаните да бидат спокојни и рече дека нема да му падне на памет да помилува педофили, нарко-дилери, силеџии на избори, терористи, екстремисти.
„Ни на крај памет не ми паднало и не ми паѓа да помилувам педофили, нарко-дилери, силеџии на избори, терористи, екстремисти. Како и досега, ќе го правам исклучиво она што е исправно и е во интерес на државата – посочи претседателот Иванов.
Слично
