ИВАНОВ БАРА РЕШЕНИЕ-Засега нема правен основ за повлекување на помилувањата
Претседателот Ѓорге Иванов преку писмено соопштение до јавноста вели дека во тек се консултации со правни експерти со цел изнаоѓање на можно правно решение во однос на пристигнатите лични барања за повлекување на одлуката за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка.
Во изјавата на Иванов се посочува дека според досега извршените консултации со врвните правни експерти во државата не е изнајден правен основ за повлекување на одлуката. Консултациите, како што се соопшува продолжуваат во насока на изнаоѓање решение.
Тој ги повикува и лидерите на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино да се вклучат во овој процес и да понудат правно решение што ќе биде во согласност со Уставот и Законите на Република Македонија, воедно тврди дека ќе продолжи да постапува според Уставот и Законите на Република Македонија.
Во врска со протестите , Иванов вели дека дека никому не му е ускратено правото да искаже незадоволство или протест за која било одлука на која било државна институција. Но, во остварувањето на тоа право повикува да не се нарушува јавниот ред и мир и да не се уништува приватниот и државниот имот.
