Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов бара поддршка од САД за да се „вразуми“ Грција

Иванов бара поддршка од САД за да се „вразуми“ Грција
Македонија останува целосно посветена на членството во НАТО и Европската Унија и очекува американска поддршка и ангажман пред следниот НАТО самит во Велика Британиј, рекол шефот на државата Ѓорге Иванов на средбата со заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД Хојт Брајан Ји. „Постојат два начина Република Македонија да го заземе заслуженото место во Алијансата, што ќе биде од корист за целиот регион. Првиот е преку безусловно почитување на Времената спогодба и пресудата од Хаг, и вториот е изнаоѓање на заемно прифатливо решение за наметнатиот спор во согласност со рамката во која се води процесот. За деблокада на нашите стратешки цели неопходна ни е поддршката и ангажманот на САД“, рекол Иванов. Притоа тој се пожалил на „неодговорното однесување на соседна Грција, која избегнува контакти и не ја почитува рамката на разговорите за разликите околу името“, па побарал од Вашингтон да инсистира на „разумно однесување од страна на Атина“. Македонскиот претседател изразил задоволство од интересот во САД за инвестициските можности во Република Македонија, како и очекување за продлабочување на економската соработка и унапредување на динамиката на политичкиот дијалог на сите нивоа. Во соопштението од Кабинетот на шефот на државата нема повеќе детали за тоа што одговорил Хојт на ваквите барања.  
Слично

Поврзани вести