Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов бара датум, Брисел – одговор за забелешките за изборите

Иванов бара датум, Брисел – одговор за забелешките за изборите
Датум за почеток на преговорите со Македонија во декември побарал претседателот Ѓорге Иванов, на средба со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Посетата на Иванов во европските институции во Брисел е прва во неговиот нов мандат, но веројатно и последна во овој состав на Европската комисија, која „брои ситно“ до новите избори. Сепак, Иванов истакнал дека статус кво состојбата создава фрустрации за нашата земја и побарал Македонија што поскоро да ги започне преговорите. „Република Македонија бара на претстојниот самит да биде применет позитивниот пример на паралелно движење , во интеграцискиот процес и во надминувањето на билатералната разлика“, порачал претседателот Иванов. Филе, пак, од своја страна, побарал да продолжи реформскиот процес во земјава, а посебен фокус ставил на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР за последниот изборен процес. Иванов во Брисел требаше да одржи пресконференција заедно со претседавачот со Европскиот совет, но беше откажана заради смртта на поранешниот белгиски премиер Жан-Лук Дехен.
Слично

Поврзани вести