Иванка Трамп по три дена ја заврши посетата на Албанија и изрази воодушевување
Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, сподели снимки од нејзината посета на Албанија на своите социјални мрежи.
Дел од снимките се од плажата Порто Ново, со островот Сазан во позадина, како и од нејзината посета на манастирот во Звернец.
Иванка изгледа воодушевена од местата што ги посетила, а ќерката на претседателот Доналд Трамп ја следат 8,7 милиони луѓе на Инстаграм.
Иванка Трамп престојуваше три дена во Валона, додека нејзината посета заврши со официјален состанок во Тирана. Синоќа, таа беше примена во кабинетот на премиеротЕди Рама.
Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер планираат големи инвестиции во јужниот дел од Албанија.
Слично
