Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИВАН ТУЏАРОВ МУ ПРЕФРЛИ АКЦИИ НА НИКОЛА ТУЏАРОВ - сега има под пет отсто од акциите во „Реплек“

ИВАН ТУЏАРОВ МУ ПРЕФРЛИ АКЦИИ НА НИКОЛА ТУЏАРОВ - сега има под пет отсто од акциите во „Реплек“

Иван Туџаров, претседател на Управниот одбор на „Реплек“ му префрлил дел од акциите на Никола Туџаров во фармацевтската компанија, односно 1.500 акции, со што Никола Туџаров сега има акционерски капитал од над 5 отсто, или точно 5,79 проценти.

Додека, пак, Иван Туџаов се симна под пет проценти од акционерскиот капитал. 

За ова компанијата ја извести Берзата преку ценовно чувствителна информација.

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, РЕПЛЕК АД објавува дека со нетрговски трансфер претседателот на Управниот одбор Иван Туџаров изврши пренос на сопственоста на 1.500 акции и неговото учество е под 5 отсто.

Со истиот нетрговски трансфер лицето Никола Туџаров се стекна со 1.500 акции осносно поседува 5,79 отсто од вкупниот број на акции во РЕПЛЕК АД“, соопшти компанијата преку Берзата.

Иван Туџаров од подамна продава дел од своите акции во компанијата.

Инаку, Иван Туџаров од приватни причи пред околу три недели си даде оставка од позицијата управител на „Реплек“ Скопје.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести