ИВАН АНАСТАСОВСКИ: Високото образование не е задолжително, нема потреба од екстерно
Со оглед на тоа дека сеуште екстерното оценување на професорите и студентите е во доменот на некој предлог, добро е што студентите го кренаа гласот, ставајќи јасно до знаење дека треба да се земе во предвид и нивниот став. Во оваа фаза, логично е да има реакции и од професорите и од студентите. Јас како професор одговарам за својата програма, кога се акредитира наставна програма, јас давам предлог како ќе изгледа мојот предмет, со тоа ја добивам автономноста. Згора на се, високото образование не е задолжително, секој избира дали ќе се запише на факултет или не, така што не ја гледам потребата од екстерно тестирање.
Исто така, јас не гледам кој е тој ко може да ја ревидира програмата, од овој аспект сметам дека некој сака да ја девалвира нашата работа. Прашувам дали само најстариот универзитет УКИМ и неговите студенти се најзасегнати од овој процес на екстерно тестирање, каде се другите универзитети, затоа што законот ќе важи за сите.
Како и да е не гледам логичност во една ваква идеја за екстерно оценување. Автономијата мора да се заштитува.
Иван Анастасовски, универзитетски професор
Слично
