ИТНИ МЕРКИ против ЗАГАДУВАЊЕТО: Граѓаните да користат јавен превоз!
Последниов месец воздухот во главниот град бележи енормни нивоа на загаденост а граничните вредности на ПМ 10 честичкитебеа на многу високо ниво.
Граѓаните, политичките партии и граѓански здруженија постојано бараа надлежните да преземат итни мерки за решавање на проблемот со загадувањето, а беа организирани и неколку протести.
Денеска министерот за животна средина Нурхан Изаири препорача итни мерки.
Изаири побара од граѓаните наместо со сопствени возила да користат јавен превоз и да не се користат возилата ако нема поголема потреба.
Зимскиот распуст годинава да започне порано, цената на билетЉот во ЈСП да се намали, да се чистат улиците, поголема контрола на инсталациите кои подлежат на А и Б интегрирани еколошки дозволи препорача Изаири.
Воедно тој препорачува да бидат ослободени од работни обврски хронични болни, бремени жени и лица постари од 60 години, воедно работниците-градежници да се ослободат од работа на отворено.
Покрај тоа, до граѓаните се препорачува повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал.
Препораките следат откако изминатите 10 дена во Скопје и Тетово, е забележано повеќекратно надминување на граничните вредности на ПМ 10 честичките.
