Итна средба: Миле Јанакиески со железничарите ќе бараат чаре за излез од блокадата!
Министерот Миле Јанакиески ги свика на итен состанок раководството на Македонски железници инфраструктура и синдикалната организација, по денешната блокада на сметката на фирмата. Ќе се бара чаре за излез од новонастанатата состојба.
Претходно Железничарите објавија дека железничкиот сообраќај е под закана од целосен прекин доколку Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор итно не ја деблокира сметката на МЖ Инфраструктура. Во прашање е доведена исплатата на платите и сините картони за вработените како и сите останати плаќања на фирмата.
Сметката е блокирана поради камата за ненавремено плаќање на долг од 2011 година, во вредност од околу два милиони денари. Од Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај велат дека само постапуваат по закон.
Слично
