Економија, финансии, бизнис

Контакт

Итен состанок на владините функционери кај Груевски

Итен состанок на владините функционери кај Груевски
Во Владата вечерва на средба кај премиерот Никола Груевски се голем дел од директорите кои ќе бидат сменети и ротирани од директорските фотелји, дознава Фактор. Како што веќе објавивме денеска се навестија серија смени во вториот и третиот ешалон на Владата, но и директорски разрешувања и роатции на кадри од владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Во Собранието денес Христијан Делев беше именуван за заменик министер за економија, на местото на Катерина Веловска, која од лични причини поднесе оставка на функцијата. Првиот човек на градежниот инспекторат Сашо Дуковски е разрешен од функцијата. Се очекува на негово место да дојде Марина Наќева Кавракова, чиј мандат во Комисијата за хартии од вредност каде беше претседателка е истечен уште од септември. Како в.д претседател на Комисијата засега е Александар Петрески. Сепак, прв човек на Комисијата за хартии од вредност ќе биде Елизабета Чингаровска, актуелна директорка на државниот пазарен инспекторат. Во серијата оставки е и таа на Петар Есмеров, кој веќе не е државен секретар во министерството за одбрана. На негово место според непотврдени информации доаѓа поранешниот државен секретар во Министерството за локална самоуправа Сашо Стефановски. Од Владата официјално велат дека е точно дека дел од директорите се повикани на Илинденска, но не поради смените и рокадите, туку поради редовните активности на економскиот совет и на Комисијата за економски прашања. Освен директори на владини институции, во Владата во моментов се присутни и други вршители на јавни функции.  
Слично

Поврзани вести