Италијанците ќе ни градат хидроелектрани
Италијанската градежна компанија „Кондоте“ најави дека во Македонија ќе изгради четири хидроелектрани во кои ќе инвестира вкупно 19 милиони евра.
На заедничката конференција за новинари со претседателот на италијанската фирма Дучо Асталди, министерот за економија Бекир Незири рече дека електраната на Ештеричка река е веќе готова и дека ќе почне со работа во текот на зимата, а преостанатите три се во различна фаза на изградба.
Тоа, се прецизирал, две мини електрани на Зрновска река кај Кочани и една на реката Кадино кај Скопје.
Претседателот и сопственик на фирмата изразил задоволство со бизнис рамките кои Владата ги обезбедила за странски инвеститори, истакнувајќи дека таа компанија е заинтересирана и понатаму да инвестира во земјава.
„Кондоте“ од државата ќе добие таканаречени фидинг тарифи, како и останатите 64 концесионери во Македонија.
Според зборовите на министерот Бекир Незири, целта е Македонија во среднорочен период да добие електрична енергија која ќе биде поефтина отколку сегашната,
Италијанската фирма, како што е соопштено, е една од водечките во светот, а на македонскиот пазар влезе во 2013 и работи преку фирмата „ИМПГ доо Скопје“.
Постои повеќе од 130 години, гради инфраструктурни проекти на сите континенти, а годишниот обрт и е 1,2 милијарди долари.
