Италијанските работодавачи против премиерот Монти
На Италија и е потребна силна политичка Влада, а не уште една технократска администрација, побара претседателот на Здружението на работодавачи на Италија, а во пресрет на новите избори на пролет кога истекува мандатот на актуелниот премиер Марио Монти.
Владата нема слух за проблемите на бизнисмените, а од досегашните разговорите единствениот заклучок е дека постојат непремосливи тешкотии за договор со сегашниот владин ешалон, вели за италијанските медиуми Преседателот на работадавачите, Џорџио Скинзи.
Во италијанската јавност многу се зборува за нов мандат на Монти по изборите на пролет, а и самиот тој минатиот четврток во Њујорк најави дека се спрема да остане на премиерското место, ако тоа се побара од него.
Сепак работодавачите на нож ја дочекаа оваа најава.
„Нам ни е потребно сигурно политичко водство избрано со мнозинство гласови, кое има стабилност, добра програма и способност да ја спроведе во дело“, предупредува Џорџио Скинзи.
Слично
