Италијанските бизнисмени се запознаа со Прилеп и инвестициските можности на Македонија
Владина бизнис делегација, предводена од вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, ги претстави бизнис можностите на Македонија, и особено градот под Марковите кули, пред италијанскиот бизнис сектор.
Во рамии на делегацијата се и директорот на ДТИРЗ, Виктор Мизо, Министерот за привлекување на странски инвестиции Бил Павлески, Амбасадорот на РМ во Република Италија Велибор Топалоски, економскиот промотор на РМ во Република Италија Иван Илиев, градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, Претседателот на Советот Никола Димески, извршниот директор на Регионалната Стопанска комора Ристо Најдоски, претставници од општина Прилеп и претставници на бизнис секторот од фирмите: „Витаминка", „Прилепска Пиварница", „Дониа", „Млекара Мики" и „Марфил".
Вицепремиерот Пешевски, заедно со членовите на делегацијата ги презентирал достигнувањата на Република Македонија во однос на креирањето на поволна бизнис- клима, мерките и реформите кои резултираа со привлекување на повеќе значајни инвеститори како и фактот дека Република Македонија во континуитет го подобрува деловното опкружување.
Според Градоначалникот Марјан Ристески Прилеп е динамичен град и во иднина можат да се изработат многу заеднички проекти. Може да се најде синергија за текстилот, интересен е секторот за мермер, претставување на индустриските зони како и влегување на градот Прилеп да стане дел од македонската бизнис - делегација во Италија. Саемот на Збратимени градови, храна и традиција траеше од 10 до 13 декември во Верона.
Слично
