Италијанскиот референдум ги „здрма“ пазарите
Инвеститорите стравуваат за тоа какво ќе биде влијанието на резултатите од гласањето на банкарскиот систем во земјата.
Во сабота ќе се одржи клучниот референдум за уставните реформи во Италија.
Вчера италијанската централна банка предупреди дека трите најголеми финансиски институции во земјата ќе имаат потреба од дополнителен капитал од 2018 година.
Во финансискиот сектор акциите на шпанската банка Banco Popular, која се смета за слаба алка во банкарскиот систем на Шпанија, објави дека претседателот на бордот на директори, Анхел Рон ќе биде сменет. Акциите на банката поскапеа за 13,6%.
Maersk соопшти дека го добива својот помал конкурент Hamburg Süd. Договорот доаѓа два месеци откако компанијата објави дека има намера да ги зајакне транспортните операции. Акциите на групацијата поскапеа за 6,7%.
На девизните пазари британската фунта поскапе до над 1,13 фунти за еден долар, откако министерот за Брегзит, на Велика Британија Дејвид Дејвис изјави дека Владата ќе размисли дали да продолжи да плаќа придонес во буџетот на Европската унија (ЕУ), за да си го задржи пристапот до единствениот пазар.
