Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италијански „ДФ Лабс“ заинтересиран за влез во Македонија

Италијански „ДФ Лабс“ заинтересиран за влез во Македонија
Италијанската ИТ компанија „ДФ Лабс“, специјализирана за форензичка анализа и сајбер безбедност, сака да инвестира во Македонија. Претставници на компанијата, чии услуги ги користат ИБМ и НАТО, веќе неколку дена се во земјава и ги скенираат можностите и потенцијалите за инвестирање. Директорот на фирмата, Дарио Форте и координаторот за развој на производи, Давиде Бошчироли остварија средба со министерот задолжен за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф. „Ние се сретнавме со министерот Наумоф во Италија и бевме импресирани од неговите познавања за нашиот сектор и нашата компанија. Министерот веднаш ги препозна нашите потреби и уште на првата средба ги имаше скоро сите одговори кои што ни требаа“, изјави  Форте. Според првичните најави, компанијата е подготвена да вработи 20 лица во Македонија, програмери кои ќе работат на софтверските производи на „ДФ Лабс“. Италијанците барале можност за инвестиции и во други земји - Индија, Виетнам и Србија, но ја избрале Македонија заради ниските оперативни трошоци, помалата бирократија, поволна даночна политика, како и добра ИТ инфраструктура. Фото: Курир  
Слично

Поврзани вести