Италијанската министерка за надворешни работи во посета на Скопје
Во Скопје денеска ќе допатува шефицата на италијанската дипломатија Федерика Могерини, во еднодневна официјална посета на земјава.
Според најавите, предвидено е Могерини да оствари тет-а-тет средба со нејзиниот македонски колега Никола Попоски, а ќе биде примена и од претседателот Ѓорге Иванов и од вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.
Могерини, чија земја до крајот на годинава претседава со Европската унија, пред Скопје беше во Сараево каде што најави дека Италија за време на шестмесечното претседателство ќе посвети особено внимание на Западниот Балкан.
Италија веќе најави дека во својата програма има намера во следните шест месеци повторно да го врати проширувањето повисоко на агендата на ЕУ.
Слично
