Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италијанска „Pirelli“ отиде во рацете на кинескиот гигант „ChemChina“

Италијанска „Pirelli“ отиде во рацете на кинескиот гигант „ChemChina“

Италијанската компанија „Пирели“, петата најголема по производство на гуми за возила во светот, ја превзема кинескиот хемиски гигант „China National Chemical“ (ChemChina).

Акционерите на „Пирели“ потпишале договор со кој 143 годишниот стар симбол на италијанската преработувачката индустрија паѓа во рацете на кинезите.

Вредноста на транксацијата е 7,1 милијарди евра.

Холдинг компанијата „Kamfin“ е главен акционер во „Пирели“со 26,1 одсто од акциите.

Договорот представува отворање на ново економско друштво „Bidko“ кое ќе биде главниот акционер во „Пирели“, а индиректно ќе го контролира државната компанија „ChemChina“.

Кина така ќе ја развие и оваа врста на преработувачка индустрија, „Пирели“ за возврат ќе стане по конкурентна на големите ривали како што се Мишелин и Континентал, кои сакаат да се пробијат на азискиот пазар.

Трансакцијата предвидува именување на претседател од Кинеската компанија, додека Марко Тронкети Провера, сегашниот генерален директор ќе биде делегитимиран администратор, односно оперативен директор на групата.

Седиштето и стручниот дел засега останува во Италија.

„ChemChina“ е 19-та по ред најголема хемиска индустрија во светот со годишен приход од 70 милијарди евра.

Слично

Поврзани вести