Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италијанци организирано преку агенција ќе доаѓаат да се вакцинираат во Србија

Италијанци организирано преку агенција ќе доаѓаат да се вакцинираат во Србија

Италијанска туристичка агенција нуди вакцина-туризам за Србија. Oд цела Италија засега има 500 пријавени. 

Станува збор за агенција од Болоња која нуди пакет аранжман за сите Италијанци кои сакаат да се вакцинираат против ковид-19 во Србија, пишува весникот „Кориере дела Сера“.

Сопственикот  Умберто Салвадори сам го тестирал системот, ја одбрал вакцината и откако е вакциниран во Белград, неговата агенција понуди пакет од четири дена. Единствениот услов за патување е лицето да има потврда дека е регистрирано за вакцинација.

Цената на четиридневниот пакет за две лица е 500 евра, а тоа вклучува превоз со авион или автомобил, како и  ковид-тест. Сопственикот на агенцијата тврди дека интересот е огромен, дека нивните телефони постојано ѕвонат, заинтересирани се и компании од мала и средна големина. Србија се покажа како многу успешна во процесот на имунизација. Во Србија се вакцинираа над 23.000 граѓани од регионот. 

Слично

Поврзани вести