Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италијанци ќе инвестираат во тетовската економска зона

Италијанци ќе инвестираат во тетовската економска зона
Италијанската компанија Итек е првата што ќе изгради фабрика во Технолошко-индустриската зона во Тетово. Компанијата, која произведува композитни материјали, наскоро ќе започне да го гради својот објект, на површина од 6.000 м2, објави директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на зивозот на Република Македонија Висар Фида. Тој денеска го потпиша Договорот за реализирање на инвестицијата со директорот на Итек Роберто Оскири. Инвестицијата е вредна 5 милиони евра и во првите две години ќе донесе 150 нови вработувања. „Итек ќе ја реализира инвестиција во зоната во Тетово преку локалната компанија PRO COMP ADVANCE TECHNOLOGIES“, изјави Фида. „Среќен сум што се наоѓам во Македонија и се надевам дека ќе имаме успех“, рече Оскири. Според најавите, првата фаза на оваа инвестиција се очекува да заврши набрзо, додека пласманот е обезбеден за две години.
Слично

Поврзани вести