Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италија ќе се заложи за проширување, ќе има ли место за Македонија?

Италија ќе се заложи за проширување, ќе има ли место за Македонија?
Проширувањето на Европската унија ќе биде високо на агендата на шестмесечното претседателство на Италија, вели италијанскиот амбасадор во земјава Ернесто Белели. По подолг период, во кој претседателствата на Унијата беа преокупирани со внатрешна стабилизација и економската криза во ЕУ, проширувањето повторно се искачува повисоко на агендата. „Проширувањето за Италија е од стратешки приоритет преку промовирање на мир и демократија во европа. Ние ќе го потикнуваме процесот на пристапување на земјите од западниот Балкан“, вели Белели. Mакедонските пратеници на денешната промоција на програмата побараа Италија да се постави како промотор на проширувањето, особено во однос на Македонија. „После разочарувањето што дел од македонската јавност го доживеа за воопшто не споменнувањето на проширувањето од страна на грчкото претседавање, овојпат очекуваме Италија да посвети малку поголемо внимание на земјите од нашиот регион“, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.  
Слично

Поврзани вести