ИТАЛИЈА ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ ОД 3. ЈУНИ: Да се спаси летната туристичка сезона
Италијанската влада синоќа донесе одлука од 3. јуни да ги
отвори границите за граѓаните на Европската Унија, со која се овозможува
слободно движење внатре во земјата.
-Владата ја одобри уредбата која што ја предложи премиерот Џузепе Конте, како и министерот за здравство, Роберто Сперанца, со кој практично се отвораат границите за жителите на ЕУ, Сан Марино и Ватикан, се наведува во соопштението на Владата на Италија.

Истовремено, забраната за движењето на граѓаните, внатре, меѓу италијанските региони, се укинува од задутре, што значи дека од 18. Мај, Италијанците ќе може слободно да се движат низ државата. Ова е прв чекор кон враќање на животот во нормала и чекор кон закрепнување на економијата, бидејќи оваа европска држава беше најтешко погодена и беше првото жариште на стариот континент. Италијанската влада се надева дека ќе ја спаси и летната туристичка сезона.
