ИСТРЧАЛ ОД РЕСТОРАН ДА ИМ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО СООБРАЌАЈКА - ги видел мртви ќерката и внукот
Во сообраќајна несреќа на патот Шабац - Ваљево загинаа Марија С.(33), нејзиниот син Василије С.(3) и мотоциклистот Ненад З.(44)! До сударот, како што пишуваат медиумите дошло кога кога мотоциклистот удрил во автомобил „фиат сејченто“ управувано од мајката на Марија, С.С.(56).
Несреќата се случила во близина на ресторан во сопственост на семејството. Во моментот на судирот таткото на Марија бил во ресторанот и излетал од него за да им помогне на повредените. Кога стигнал до уништениот автомобил, имал што да види - ја нашол ќерката мртва, а внукот во многу тешка состојба. Детето починало на пат кон болница.
Несреќниот човек плачел и стенкал на цел глас кога ги видел своите најблиски во таква состојба.
За потсетување, сообраќајната несреќа се случила откако мотоциклистот заобиколил камионот, најверојатно обидувајќи се да го премине, и со голема брзина удрил во „фиатот“ кој тргнал да сврти во лево. Марија и нејзиниот тригодишен син седеле на задното седиште од автомобилот, а го управувала С.С.
- Им се приближувал со голема брзина, поголема и од 200 км/ч и ги удрил. Од силината на ударот автомобилот излетал од патот. Се претпоставува дека телото на Марија заедно со детето излетало од возилото кое било целосно уништено - вели извор запознаен со случајот и додава дека од здобиените повреди на лице место починал и возачот на мотоциклот.
Тој додава дека Марија починала веднаш додека детето се уште давало знаци на живот. Иако малиот Василије со брза помош веднаш бил транспортиран во болницата во Шабац, за жал починал по пат.
Како што пишува српски „Иинформер“, пренесувајќи изјава од очевидец, возачот на моторот најверојатно не очекувал автомобилот да сврти лево.
- Моторот му остана сред асфалт. Му пукна черепот, беше облеан во крв. Веројатно не очекувал дека жената ќе сврти, камионот се држел на страна, мажот возел нормално. Еве што може да направи една секунда невнимание. Огромна жалост за мајката и детето, ниту криви ниту виновни, жртви – изјави еден од очевидците.
Трагедијата во која загинаа мајката и детето се случила во близина на ресторанот со кој управувал таткото на Марија.
- Несреќниот татко на Мери истрча да ги најде повредените, да им помогне. Немаше поим што го чека. Кога ги видел своето дете и внукот, маченикот се фатил за глава и почнал силно да кука и да стенка - изјави еден од мештаните кој набрзо по несреќата се нашол на лице место.
Полицијата веднаш пристигнала на лице место и извршила увид.
- Се слушнаа и сведоци. Се претпоставува дека причина за несреќата била брзината на моторот. Според некои очевидци, мотоциклистот наводно се тркал со друг мотор. Сепак, дали тоа е вистина ќе покаже истрагата која е во тек. Засега, а според она што можеше да се види по несреќата, мотоциклистот со голема брзина удрил во автомобилот – велат очевидци.
Извор и фото: Информер.рс
