Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ГАЛУП: Бранот откази не попушта, без работа една третина од Американците

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ГАЛУП: Бранот откази не попушта, без работа една третина од Американците

Речиси третина Американци изгубија работа или приходи поради пандемијата на коронавирусот, а бранот на откази посебно тешко ги погодија оние со ниски примања, покажува последното истражување на Галуп.

Вкупно од 30 отсто од испитаниците во анкетата на Галуп невеле дека пандемијата негативно влијаела на нивното работно место, односно на нивните финасии. Десет отсто од испитаните имаат статус на привремно отпуштени, од кои дури 85 проценти сметаат дека ќе се вратат на старото работно место, откако ќе помине вонредната состојба и откако ќе се смири ширењето на вирусот, се наведува во истражувањето на Галуп.

Понатаму, во анкетата се наведува дека една четвртина од испитаниците велат дека примањата им се намалени, додека секои шести испитаник наведува дека работи пократко од претходно.

Меѓу оние со пониски примања, трајно останале без работа четири проценти од испитаните луѓе, а таква судбина ги задесила два отсто од вкупниот број испитаници, не само оние со пониски примања, стои во истражувањето на Галуп.

Што се однесува до отпуштањата, меѓу оние со годишни примања од 36.000 долари, отпуштени се 14 проценти, а од нив 32 отсто останале без никакви приходи.

Анкетата на Галуп е спроведена преку Интернет од 13. до 19. Април по случаен примерок на 5.725 полнолетни граѓани на САД.


Слично

Поврзани вести