Економија, финансии, бизнис

Контакт

Истражување на Франција: Зголемен бројот на млади Македонци кои сакаат да се отселат

Истражување на Франција: Зголемен бројот на млади Македонци кои сакаат да се отселат

Си помош на француската амбасада, анкетата на Центарот за истражување и креирање политики заклучи дека дури 76,7 отсто од младите на возраст од 15 до 29 години би си заминале од Македонија.

Освен тоа што шансите за добро и соодветно работно место, згора на тоа се чувствуваат како непризнаени, неинтегрирани и не можат да придонесат во носењето на релевантните одлуки. Младите на прашањата одговориле дека подобрувањето на квалитетот на живот преку обезбедување можности за работни места кои ќе одговараат на способностите и ќе го вреднуваат трудот, е суштинско за да ги натера да останат или да се вратат во државата.

Кристијан Тимоние, амбасадорот на Франција, рече дека ваквиот резултат треба да ги забрза реформите, бидејќи „ЕУ не сака да интегрира земји кои се празни“. 

„Навистина е многу важно реформите кои се во тек успешно да бидат завршени и токму затоа оваа студијата е многу важна, бидејќи ќе може да придонесе во трасирање на патот на земјата и нејзиното приближување и станување на дел од ЕУ. Се разбира дека успехот и завршувањето на сите работи околу Преспанскиот договор се успех, но потоа ќе следи и спроведувањето на сите потребни реформи, но и ќе треба да се одговори на сите очекувања на младите кои се поборници за што поголема непристрасност и департизација на јавната администрација за којашто треба навистина уште многу да се работи“, изјави Тимоние.

Општата економско-политичка атмосфера на апатија и несигурност дополнително ги тера младите на ваков начин на размислување.

„Наодите од истражувањето се дека 76,7 проценти од младите сакаат да си заминат од земјата. Причините ги наоѓаат во целата атмосфера во државата. Се чувствуваат непризнаени, неинтегрирани и не може да придонесат во носењето одлуки“, изјави извршната директорка на Центарот за истражување и креирање политики, Марија Ристеска.



Слично

Поврзани вести