Економија, финансии, бизнис

Контакт

Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Многу македонски јавни претпријатија работат со загуба

Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Многу македонски јавни претпријатија работат со загуба

Македонските јавни претпријатија работат со загуби. Над 55 отсто од нив во 2024 година според завршните сметки се со загуба. Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија во земјава. 

Загубите на локалните јавни претпријатија во 2024 година се зголемени во однос на 2023 година дури за 56 отсто, односно за 6,2 милион евра. Во последните неколку години зголемен е и бројот на претпријатија што работеле со загуба и тоа од 54 во 2023 година на 71 претпријатие во 2024 година. Намален е бројот на претпријатија што оствариле добивка во 2024 година, но вредноста на добивката на овие претпријатија е зголемена. Во 2024 година вкупната добивка изнесува околу 5,4 милиони евра што е за 24 отсто повеќе од 2023 година.

Освен што имаат загуби претпријатијата до гуша и во долгови, од вкупно 128 дури 126 немаат подмирено краткорочни обврски. 

Слично

Поврзани вести