ИСТРАЖУВАЊЕ: Два клучни фактори ја „прелеваат“ чашата и младите се иселуваат
Две клучни причини ги тераат луѓето да си заминат од земјава. Младите се иселуваат барајќи работа и поради фрустрација од политиката.
76 отсто од оние на возраст од 15-29 години ја напуштиле Македонија за да најдат работа. 36 отсто заминале во потрага по подобар живот, а 36 отсто се отселиле фруструрани од политичката ситуација. Ваквите податоци ги соопштија од збирот од невладини организации именувана како Мрежа за спречување на одлив на мозоци.
25 отсто од младите кои решиле да се вратат дома, го сториле тоа поради носталгија, додека 19 отсто поради неможност да најдат стабилна работа во странство. Останатите 19 отсто решиле да започнат сопствен бизнис во татковината.
Истражувањето го направиле Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и британската Фондација Вестминистер.
Македонија губи по 15.848 евра на годишно ниво за секој отселен млад човек.
Светска банка претходно објави дека една четвртина од населението во земјава заминало за период од 15 години, а тоа се околу 500.000 лица.
Но, ништо подобри не се ниту соседите или земјите од регионот.
Бројот на луѓе кои се иселуваат од Србија е зголемен, а секој ден губат повеќе од 140 луѓе.
Од Хрватска се иселило петтина од населението, а земјата има највисока стапка на емиграција по Малта во Европската Унија. Истиот случај е и со Црна Гора каде петтина од населението е иселено.
