ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали цената или безбедноста на храната се на прво место за граѓаните на Босна и Херцеговина?
Граѓаните на Босна и Херцеговина(БиХ) изјавија дека се најмногу загрижени за генетски модифицираните состојки во храната (39 отсто), адитивите, како што се боите, конзервансите и аромите во храната (37 отсто) и остатоците од пестициди во храната (36 отсто).
Според резултатите од најновото истражување на Евробарометар за безбедноста на храната во земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидатки, безбедноста на храната во Босна и Херцеговина е втор најважен фактор при купување храна (50 проценти), додека цената на храната е на прво место (57 проценти). На трето место е вкусот на храната (48 проценти).
Во споредба со анкетата на Евробарометар спроведена во периодот мај/јуни 2023 година, загриженоста на граѓаните најмногу се зголемила поради остатоците од пестициди во храната, за 14 процентни поени, објави во петок Агенцијата за безбедност на храната на Босна и Херцеговина, пренесува Слободна Босна.
foto freepik.com
